пребарување
   
 

IN MEMORIAM: Проф. д-р Александар Шиколе

25.03.2021
По кратко и тешко боледување, на 67-годишна возраст почина професор д-р Александар Шиколе, истакнат македонски нефролог и редовен професор на Катедрата за интерна медицина. Проф. д-р Шиколе сиот свој работен век го мина на Клиниката за нефрологија во Скопје, каде неколку години беше и директор. Докторирал во областа на примената на еритропоетинот кај пациенти лекувани со хемодијализа, проблематика на која континуирано работеше. Дома и во странство објавил повеќе од 250 труда од неговата специјалност. Како истакнат меѓународен експерт бил гувернер на Европското здружение за вештачки органи.

Лекарската комора на РСМ изразува жалење за големата загуба на извонреден колега и научник и изразува сочувство до семејството.
акредитирани стручни активности



Акредитирани испитувачи во комисии за полагање стручен испит
Акредитирани здравствени установи за стручен испит
Vox Medici
 
Поволности за лекари
 
Лекарска комора на Република Северна Македонија
“Партизански одреди” број 3, 1000 Скопје, Република Северна Македонија
работно време:
понеделник - петок од 08 до 16 ч.
тел. 02/3239060
тел. 02/3225592
жиро сметка: 200000011464034
факс. 02/3124066

facebook.com/lkm.org.mk
developed by Медиум 3