пребарување
   
 

Важење на специјалистички извештај, отпусно писмо, конзилијарно мислење

23.02.2021

Важењето на специјалистичките извештаи, отпусните писма и конзилијарните мислења (во понатамошниот текст: медицински извештаи) ќе се врши на следниот начин:

Продолжување на хронична терапија и издавање на ортопедски помагала :

  • Од 01.01.2021 година со важност ќе бидат медицинските извештаи со датум не постар од 01.0 9 .2019 година. Тоа значи дека осигурениците за да ги остварат горенаведените права ќе биде потребно да ги обноват соодветните специјалистички извештаи/конзилијарни мислења. За отпусното писмо постаро од 01.0 9 .2019 година ќе биде потребно да се достави соодветен специјалистички извештај/конзилијарно мислење за остварување на горенаведените права.
  • Од 01.02.2021 година со важност ќе бидат медицинските извештаи со датум не постар од 01.10.2019 година. Тоа значи дека осигурениците за да ги остварат горенаведените права ќе биде потребно да ги обноват соодветните специјалистички извештаи/конзилијарни мислења. За отпусното писмо постаро од 01.10.2019 година ќе биде потребно да се достави соодветен специјалистички извештај/конзилијарно мислење за остварување на горенаведените права.
  • Од 01.03.2021 година со важност ќе бидат медицинските извештаи со датум не постар од 01.12.2019 година. Тоа значи дека осигурениците за да ги остварат горенаведените права ќе биде потребно да ги обноват соодветните специјалистички извештаи/конзилијарни мислења. За отпусното писмо постаро од 01.12.2019 година ќе биде потребно да се достави соодветен специјалистички извештај/конзилијарно мислење за остварување на горенаведените права.
  • Од 01.04.2021 година со важност ќе бидат медицинските извештаи со датум не постар од 01.12.2019 година. Тоа значи дека осигурениците за да ги остварат горенаведените права ќе биде потребно да ги обноват соодветните специјалистички извештаи/конзилијарни мислења. За отпусното писмо постаро од 01.12.2019 година ќе биде потребно да се достави соодветен специјалистички извештај/конзилијарно мислење за остварување на горенаведените права.

Напомена: Во постапката на пропишување лекови од Листата на лекови кои паѓаат на товар на ФЗО на рецепт од страна на избран лекар, негова замена или рурален лекар, а за кои е потребна претходна препорака од лекар специјалист/субспецијалист или конзилијарно мислење, а во врска со горе наведената важност на медицинските извештаи, потребно е од страна на лекарот да се внимава на следното:

- При пропишување на лекови за акутна терапија и наркотика (опијати ), „датумот на пропишување“ на рецептот треба да биде во периодот на важноста на медицинскиот извештај (горе наведена за време на важењето на времените мерки за Covid 19).

Пример: за лекови кои лекарот ги пропишува на рецепт во текот на 03 месец 2021 година (т.е. „датум на пропишување“ во тек на 03. месец 2021 година), датумот на медицинскиот извештај, врз основа на кои се пропишува лекот, не треба да е постар од 01.12.2019 година. Соодветно е и за другите месеци.

- При пропишување на лекови за хронична терапија на рецепт „датумот на важност“ на рецептот треба да биде во периодот на важноста на медицинскиот извештај (горе наведена за време на важењето на времените мерки за Covid 19). На ова посебно треба да се внимава од страна на лекарот при пропишување на наведените лекови на рецепти за лекување на хронични болести за повеќемесечна терапија.

Пример: при пропишување на овие лекови на рецепт во 02 месец 2021 година, „датумот на пропишување“ ќе биде во 02 месец 2021 година, но ќе треба да се внимава на тоа колку рецепти ќе се издадат за дозволениот период од 180 дена, во зависност од датумот на медицинскиот извештај, каде е дадена препораката за лекот, и тоа:

- доколку медицинскиот извештај, е со датум не постар од 01.10.2019 година, тогаш ќе може да се пропишат само рецепти чија важност започнува во тек на 02. месец 2021 година,

- доколку медицинскиот извештај, е со датум не постар од 01.12.2019 година тогаш може да се пропишат само рецепти чија важност започнува во тек на 02, 03 и 04 месец 2021 година.

Овие правила важат и ретроградно за рецептите пропишани од 01.02.2021 година.

преземи соопштение

Појаснување за пристап кон "порталот за лекари"
  1. ДОКТОРИ КОИ ПОСЕДУВААТ ЛИЦЕНЦА ЗА РАБОТА -
    Сите доктори кои поседуваат Лиценца за работа, односно веќе се впишани во Регистарот на доктори, НЕ ТРЕБА ДА СЕ РЕГИСТРИРААТ кога пристапуваат во Порталот за лекари (portal.lkm.org.mk), туку да се ЛОГИРААТ, при што за:
    • КОРИСНИЧКО ИМЕ ја внесувате Вашата меил адреса. Доколку сте заборавиле со која меил адреса сте веќе регистрирани во системот или истата повеќе не е функционална, Ве молиме во текот на работното време да се јавите на 02 3124066, локал 105, за да се направи корекција.
    • ЛОЗИНКА ги внесувате последните 6 (шест) цифри од Вашиот матичен број.

    Потоа кликате на "Логирај се" со што пристапувате кон Вашето досие и дококу има потреба може да побарате ажурирање на Вашите податоци.

  2. ДОКТОРИ КОИ ПОЛОЖИЛЕ СТРУЧЕН ИСПИТ, НО НЕ СЕ ЗАПИШАНИ ВО РЕГИСТАРОТ НА ДОКТОРИ НА РСМ
  3. Сите доктори кои положиле стручен испит, но не се запишани во Регистарот на доктори, односно немаат изготвена Лиценца за работа, потребно е:

    • Да СЕ РЕГИСТРИРААТ на Порталот за лекари.
    • Да пополнат Пријава за упис која треба да ја достават во архивата на Лекарската Комора. Пријавата може да ја преземете и испечатите од следиот линк http://www.lkm.org.mk/mk/zapis.asp?ID=285
акредитирани стручни активности

Седници на Извршен одбор
Акредитирани испитувачи во комисии за полагање стручен испит
Акредитирани здравствени установи за стручен испит
Vox Medici
 
Меѓународни конгреси, симпозиуми, работилници...
Спортски секции
Поволности за лекари
Нудиме – бараме
 
Лекарска комора на Република Северна Македонија
“Партизански одреди” број 3, 1000 Скопје, Република Северна Македонија
работно време:
понеделник - петок од 08 до 16 ч.
тел. 02/3239060
тел. 02/3225592
жиро сметка: 200000011464034
факс. 02/3124066

facebook.com/lkm.org.mk
developed by Медиум 3