Европски манифест за поттикнување на здравствените работници да се вакцинираат против Ковид-1911.02.2021![]() Коалицијата за вакцинација на европските здравствени работници објави Манифест со кој ги повикува сите здравствени професионалци да се вакцинираат против Ковид-19. Лекарската комора на РСМ, како член на еден од лидерите на оваа коалиција - Постојаниот комитет на европски лекари (CPME) - го промовира овој Манифест и ги повикува сите здравствени работници да ги афирмираат неговите клучни поенти. Манифестот потенцира три клучни причини зошто секој здравствен професионалец веднаш штом добие можност треба да се вакцинира против Ковид-19 и ја апострофира неговата значајна улога во промоција на вакцинирањето помеѓу општата популација: 1.Се штитите од болеста и од можни сериозни живото-загрозувачки компликации 2.Вакцините против Ковид19 се безбедни и ефикасни 3. Помагате за зачувување на капацитетите на здравствениот систем
Коалицијата за вакцинација е формирана во 2019 година од Европската комисија и ги поврзува сите европски асоцијации на здравствени професионалци и релеватни студентски организации. Коалицијата за вакцинација ја водат Постојаниот комитет на европски лекари (CPME), Европската федерација на медицински техничари (EFN) и Фармацевтската група на Европската Унија (PGEU) и има главна цел да обезбеди точни информации за вакцинирањето во јавноста, побивање на митовите и размена на искуства за најдобрата пракса за вакцинирање.
Појаснување за пристап кон "порталот за лекари"
Формулари и обрасци
![]() Легислатива
Седници на Извршен одбор
Акредитирани испитувачи во комисии за полагање стручен испит
Акредитирани здравствени установи за стручен испит
Меѓународни конгреси, симпозиуми, работилници...
Спортски секции
Поволности за лекари
![]() ![]() Нудиме – бараме
|