пребарување
   
 

Почнува вакцинациjата на здравствените работници: Покажи со пример, вакцинирај се!

16.02.2021 Утре со почеток во 10 часот во модуларната болница на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби ќе започне вакцинирање на здравствените работиници кои работат во ковид центрите. Први ќе се вакцинираат здравственитe работници од Инфективната клиника, а првиот ден е предвидено вакцинирање на 260 здравствени работници.

Според информации од Министерството за здравство, пунктот во модуларната болница каде има 6 вакцинални позиции, ќе работи во две смени од 8 до 20 часот, а вакцинацијата ќе ја спроведуваат медицински тимови од Здравствен дом Скопје.

Утврдениот план предвидува термините за вакцинирање ќе бидат на 10 минути. Секој здравствен работник кој ќе прими вакцина ќе има и резервирана втора доза за ревакцинација.

Лекарската комора на РСМ апелира до сите здравствени работници да одговорат на повикот за вакцинирање бидејќи тоа е најефикасен и најбезбеден начин за заштита од вирусот SARS-CoV-2 и со тоа ќе да дадат позитивен пример и ќе ги охрабрат и другите граѓани да го сторат истото за да си го заштитат своето здравје.

Појаснување за пристап кон "порталот за лекари"
  1. ДОКТОРИ КОИ ПОСЕДУВААТ ЛИЦЕНЦА ЗА РАБОТА -
    Сите доктори кои поседуваат Лиценца за работа, односно веќе се впишани во Регистарот на доктори, НЕ ТРЕБА ДА СЕ РЕГИСТРИРААТ кога пристапуваат во Порталот за лекари (portal.lkm.org.mk), туку да се ЛОГИРААТ, при што за:
    • КОРИСНИЧКО ИМЕ ја внесувате Вашата меил адреса. Доколку сте заборавиле со која меил адреса сте веќе регистрирани во системот или истата повеќе не е функционална, Ве молиме во текот на работното време да се јавите на 02 3124066, локал 105, за да се направи корекција.
    • ЛОЗИНКА ги внесувате последните 6 (шест) цифри од Вашиот матичен број.

    Потоа кликате на "Логирај се" со што пристапувате кон Вашето досие и дококу има потреба може да побарате ажурирање на Вашите податоци.

  2. ДОКТОРИ КОИ ПОЛОЖИЛЕ СТРУЧЕН ИСПИТ, НО НЕ СЕ ЗАПИШАНИ ВО РЕГИСТАРОТ НА ДОКТОРИ НА РСМ
  3. Сите доктори кои положиле стручен испит, но не се запишани во Регистарот на доктори, односно немаат изготвена Лиценца за работа, потребно е:

    • Да СЕ РЕГИСТРИРААТ на Порталот за лекари.
    • Да пополнат Пријава за упис која треба да ја достават во архивата на Лекарската Комора. Пријавата може да ја преземете и испечатите од следиот линк http://www.lkm.org.mk/mk/zapis.asp?ID=285
акредитирани стручни активности

Седници на Извршен одбор
Акредитирани испитувачи во комисии за полагање стручен испит
Акредитирани здравствени установи за стручен испит
Vox Medici
 
Меѓународни конгреси, симпозиуми, работилници...
Спортски секции
Поволности за лекари
Нудиме – бараме
 
Лекарска комора на Република Северна Македонија
“Партизански одреди” број 3, 1000 Скопје, Република Северна Македонија
работно време:
понеделник - петок од 08 до 16 ч.
тел. 02/3239060
тел. 02/3225592
жиро сметка: 200000011464034
факс. 02/3124066

facebook.com/lkm.org.mk
developed by Медиум 3