IN MEMORIAM Ристе Недановски (1959 – 2021)05.02.2021![]() По кратко и тешко боледување на 62-годишна возраст, на 4.2.2021 година почина новинарот Ристе Недановски. Во 1980 год. Недановски запишал Факултет за интердисциплинарни стурии по новинарство при Универзитетот “Кирил и Методиј” – Скопје. Во својот животен век, од 1991 година работи како новинар за здравство во редакцијата “Вечер” - НИП “Нова Македонија”. Во 1997 година преминува во редакцијата “Дневник”, во 1999 станува заменик-уредник на економската рубрика и новинар за здравство во редкацијата “Утрински весник”. Од 2004 година е уредник и новинар за здравство во редкацијата “Вечер”. Од активното новинарство се повлекува во 2006 година кога работи како PR менаџер во “Публицист” – Скопје, од 2009 год. е извршен директор и PR менаџер во “Концепт маркетинг”, а во 2011 година е уредник на гласилото на Лекарската комора на Република Северна Македонија, Vox Medici. Долги години подготвуваше и уредуваше текстови, посебни тематски публикации и инфо-гласила на различни асоцијации, здруженија, организации и компании (Стоматолошка комора на Македонија, “Порака”, Сојуз на помош за лица со ментален хендикеп и други). Во својот професионален ангажман се истакнува како исклучителен познавач на здравствениот систем во Република Северна Македонија. Автор е и учесник во подготовка на повеќе релевантни меѓународни анализи за состојбите и реформите во здравството. Сите ние загубивме драг пријател и извонреден колега. Нека почива во мир.
Лекарска
комора на Република Северна Македонија Појаснување за пристап кон "порталот за лекари"
Формулари и обрасци
![]() Легислатива
Седници на Извршен одбор
Акредитирани испитувачи во комисии за полагање стручен испит
Акредитирани здравствени установи за стручен испит
Меѓународни конгреси, симпозиуми, работилници...
Спортски секции
Поволности за лекари
![]() ![]() Нудиме – бараме
|