Претседателката на ЛКРСМ заедно со членовите на ИО на ЛКРСМ, во Собранието на РСМ имаа средба со претседателот на собраниската Комисија за здравство23.10.2020![]() Во фокус на средбата беше дискусијата за неопходноста од Законот за докторска дејност и повеќе други отворени приоритетни прашања од здравствениот сектор, меѓу кои: правото на дополнителна работа без ограничување, проблемот со заминување на докторите од јавно во приватно здравство, потребата од усогласување на Законот за здравствена заштита со Кривичниот закон во однос на санкционирање на лицата кои ги напаѓаат здравствените работници на нивното работно место и потребата за промена на законската регулатива во однос на прикрепување на пациентите во ПЗУ. Во дискусиите можеа да се слушнат различни мислења и ставови за определени теми, но сите присутни сметаа дека само со заедничка интензивна соработка помеѓу Лекарската комора и Комисијата за здравство ќе може да се започне со ургентно решавање на најголем дел од проблемите. ![]() Појаснување за пристап кон "порталот за лекари"
Формулари и обрасци
![]() Легислатива
Седници на Извршен одбор
Акредитирани испитувачи во комисии за полагање стручен испит
Акредитирани здравствени установи за стручен испит
Меѓународни конгреси, симпозиуми, работилници...
Спортски секции
Поволности за лекари
![]() ![]() Нудиме – бараме
|