пребарување
   
 

Онлајн-трибина: "Реформи во примарна здравствена заштита"

29.06.2020

Лекарската комора ве известува дека во соработка со Фондот за здравствено осигурување и Министерството за здравство ќе организира онлајн-трибини за најавените реформи во примарната здравствена заштита.

Онлајн-трибините ќе се оддржуваат секој ден во периодот од 29.06.-03.07.2020 год. од 13 до 15 часот.

На настанот може да учествуваат матични доктори групирани во пет групи и тоа:

1️⃣ На 29.06.2020 година матични доктори од Битола, Прилеп, Крушево, Ресен, Демир Хисар,

2️⃣ На 30.06.2020 година матични доктори од Охрид, Струга, Кичево, Македонски Брод, Дебар, Гостивар и Тетово.

3️⃣ На 01.07.2020 година матични доктори од Скопје.

4️⃣ На 02.07.2020 година, матични доктори од Куманово, Крива Паланка, Берово, Пехчево, Делчево, Виница, Св.Николе, Кочани, Кратово.

5️⃣ На 03.07.2020 година, матични доктори од Велес, Штип, Пробиштип, Струмица, Радовиш, Кавадарци, Неготино и Гевгелија.

По завршување на презентацијата матичните доктори ќе имаат можност да поставуваат прашања поврзани со настанот. Поради атрактивноста и актуелноста на темата би било во интерес на сите да има поголем број на учесници на онлајн-трибините.

Настанот ќе биде креиран на платформата Zoom, поради едноставноста за приклучување на учесниците.

Секој матичен доктор кој сака да учествува може да се пријави на lkm@lkm.org.mk, при што треба да наведе: име и презиме, име на ПЗУ во кое работи и групата/датата на која сака да учествува на настанот, по што повратно по електронска пошта ќе добие покана - линк за приклучување на настанот во зададениот термин.

акредитирани стручни активности

Седници на Извршен одбор
Акредитирани испитувачи во комисии за полагање стручен испит
Акредитирани здравствени установи за стручен испит
Vox Medici
 
Меѓународни конгреси, симпозиуми, работилници...
Спортски секции
Поволности за лекари
Нудиме – бараме
 
Лекарска комора на Република Северна Македонија
“Партизански одреди” број 3, 1000 Скопје, Република Северна Македонија
работно време:
понеделник - петок од 08 до 16 ч.
тел. 02/3239060
тел. 02/3225592
жиро сметка: 200000011464034
факс. 02/3124066

facebook.com/lkm.org.mk
developed by Медиум 3