Постапка за препишување и рефундација на клексани21.04.2020![]() Матичните лекари гинеколозиМатичните лекари
гинеколози можат да пропишуваат ампуларна терапија КЛЕКСАН за бремени жени кои
за прв пат треба да започнат да ја примаат и за пациенти кај кои е потребно
продолжување на истата врз основа на резултатите од Д-димери и ехо наод и
потврда од специјалист трансфузиолог или специјалист гинеколог од болница или
клиника, добиена по е-маил. Пациентите не треба да одат лично кај лекарот специјалист,
туку матичниот лекар го обезбедува
медицинското мислење по е-маил од соодветната болница или клиника. Медицинското
мислење не е потребно да биде во посебен образец/документ, туку само напишано
во е-маил порака до матичниот гинеколог. За потребата за рефундација избраниот
лекар е должен да ја испечати електронската порака која го содржи медицинското
мислење на специјалистот од болницата или клиниката, како замена на
специјалистички извештај. Повторуваме дека пациентот не треба да оди кај лекарот
специјалист за препорака за клексан. Овој начин на работа важи до траење на
времените мерки за заштита од Коронавирусот.
Матичните лекари од општа медицинаМатичните лекари од
општа медицина можат да пропишуваат ампуларна терапија КЛЕКСАН за пациенти кај
кои е потребно продолжување на истата врз основа на резултатите од Д-димери и
потврда од специјалист трансфузиолог или специјалист од болница или клиника,
добиена по е-маил. Пациентите не треба да одат лично кај лекарот специјалист,
туку матичниот лекар го обезбедува
медицинското мислење по е-маил од соодветната болница или клиника. Медицинското
мислење не е потребно да биде во посебен образец/документ, туку само напишано
во е-маил порака до матичниот гинеколог. За потребата за рефундација избраниот лекар
е должен да ја испечати електронската порака која го содржи медицинското
мислење на специјалистот од болницата или клиниката, како замена на
специјалистички извештај. Повторуваме дека пациентот не треба да оди кај
лекарот специјалист за препорака за клексан. Појаснување за пристап кон "порталот за лекари"
Формулари и обрасци
![]() Легислатива
Седници на Извршен одбор
Акредитирани испитувачи во комисии за полагање стручен испит
Акредитирани здравствени установи за стручен испит
Меѓународни конгреси, симпозиуми, работилници...
Спортски секции
Поволности за лекари
![]() ![]() Нудиме – бараме
|