пребарување
   
 

Комората воспоставува е-едукација за докторите на медицина

17.04.2020 Драги колеги,
Стручното усовршување на здравствените работници со високо образование од областа на медицината претставува континуиран процес на стекнување на нови знаења и практични вештини во текот на седумгодишниот период на важењето на Лиценцата за работа. Цел на стручното усовршување е постојано унапредување на веќе стекнатото знаење заради обликување на современ модел на доктор на медицина и обезбедување единство во докторската пракса.
Извршниот одбор на Лекарската комора на Република Северна Македонија, поради настанатата состојба со Ковид 19, донесе одлука за воспоставување на е – едукација за да се овозможи докторите на медицина да обезбедат доволен број на бодови од стручна едукација која е услов за обновување на лиценцата за работа.
Е-едукација ќе се остварува преку вебинери поставени на веб страната на Комората каде ќе се поставуваат стручни активности ( стручни состаноци, курсеви ...) за докторите на медицина. Е -едукацијата е бесплатна и достапна за сите заинтересирани доктори во секое време и од секое место.
акредитирани стручни активности

Седници на Извршен одбор
Акредитирани испитувачи во комисии за полагање стручен испит
Акредитирани здравствени установи за стручен испит
Vox Medici
 
Меѓународни конгреси, симпозиуми, работилници...
Спортски секции
Поволности за лекари
Нудиме – бараме
 
Лекарска комора на Република Северна Македонија
“Партизански одреди” број 3, 1000 Скопје, Република Северна Македонија
работно време:
понеделник - петок од 08 до 16 ч.
тел. 02/3239060
тел. 02/3225592
жиро сметка: 200000011464034
факс. 02/3124066

facebook.com/lkm.org.mk
developed by Медиум 3