пребарување
   
 

Лекарската комора со докторите од Кичево и Струга

02.12.2019

Докторите од Одборот на ЛКМ во Кичево се соочуваат со повеќе проблеми во своето работење. Матичните доктори побараа да се воведе стимулација во плаќањето на работата на докторот, да се овозможи отстранување на старите картони бидејќи постои електронска евиденција. Тие побараа да се дозволи и дополнително приватно осигурување за пациентите. Докторите побараа од Комората поголем ангажман за подобрување на статусот на докторите. Ги искажаа и проблемите со кои се соочуваат во функционирањето и работењето на ИМП во Кичево поради недостаток на доктори. Сметаат дека проблемот настанал поради нераспишување на специјализации во претходните години, ниските плати и иселувањето на докторите во странство.

 

Докторите од Одборот на ЛКМ во Струга се соочуваат со повеќе проблеми во своето работење. Ги искажаа и проблемите со кои се соочуваат во функционирањето и работењето на ИМП во Струга поради недостаток на доктори како и нефункционирањето на матичните доктори за време на викендите. Сметаат дека проблемот настанал поради нераспишување на специјализации во претходните години, ниските плати и иселувањето на докторите во странство.
Ова се клучните поенти од состаноците  на преставниците на Лекарската комора кој се одржа на 29 ноември во Здравствениот дом Кичево и Општа болница Струга на кој присуствуваа доктори од Oдбори на доктори - Кичево и од Струга, претседателот на ЛКМ д-р Калина Гривчева Старделова, д-р Игор Дабески - потпретседател за примарна здравствена заштита, д-р Дениел Поповски -член на Извршен одбор, д-р Тодор  Кичуков - член на Извршен одбор и д-р Џабир Бајрами -претседател на Собрание на ЛКМ, Директор на Здравствен дом Кичево и д-р Мухамед Асани - члена на извршен одбор и директор на Општа болница Струга. 


На состаноците Претседателката на ЛКМ ги запозна присутните со активностите на Комората пред се околу измените на законската регулатива, пред се околу подготовките на новиот Закон за здравствена заштита на кој се работи како и за настојувањата во пакет со Закон за здравствена заштита да се донесе и Законот за докторска дејност. Според д-р Гривчева - Старделова пратениците кои се членови на Комисијата за здравство при Собранието на Република Македонија даваат целосна поддршка на ваквиот концепт и ќе се заложат тој да се реализира. Исто така, присутните беа информирани дека во постапка е донесување на измени и дополнувања на Статутот на Комората како резултат на законските обврски кои произлегуваат од промените во Уставот на РСМ и Законот за употреба на јазиците. 


Комората е активно вклучена во преговори со ФЗОРСМ за изготвување на новите договори за 2020 година и тоа договорот за примарна здравствена заштита дејност - општа медицина, договорот за  примарна здравствена заштита - дејност гинекологија, договорот за специјалистичко консултативна здравствена заштита и договорот за лаборатории (за ЛУ 1).

Членовите на Одборите на лекари беа запознати и со меѓународните активности на Комората, како и учеството на ЗЕВА, за апликацијата на Комората за членство во ЦПМЕ - Постојан комитет на европски доктори и активностите со Стоматолошката и Фармацевската комора и со другите стручни здруженија од земјата и странство. .

На средбите стана збор и за работилница организирана од Комората за подобрување на вештините за комуникација на докторите со пациентите и нивните семејства која беше како последица на се почестите напади врз лекарите. Германскиот професор Уве Гилер експерт за психотерапија во Германија на работилницата ги подучуваше лекарите, медицинските сестри и болничарите како да се однесуваат со пациентите и како да ја подобрат комуникација лекар – пациент.

Д-р Калина Гривчева Старделова Комората во изминатиот период активно е вклучена во процесот за изготвување на регулатива за меѓусебно признавање на професии и дејности.  Комората посебно се ангажира и се избори приватните специјализанти да  добиваат паричен надоместок додека се на специјализација, како и за други актуелни прашања од надлежноста на Комората. 
Потпретседателот на Комората д-р Дабески истакна дека Комората активно е вклучена во преговорите со ФЗОРСМ за изготвување на новите договори за 2020 година и тоа договорот за примарна здравствена заштита дејност - општа медицина, договорот за примарна здравствена заштита - дејност гинекологија, договорот за специјалистичко консултативна здравствена заштита и договорот за лаборатории (за ЛУ 1). Посебно се осврна на договорот за примарна здравствена заштита дејност - општа медицина  со кој се регулираат само правата и обврските на договорните страни, согласно Законот за облигациони односи и ги наведе барањата за кои се преговарало со Фондот,договорните казни, работата во тим ( бес сестра ) од 35 на 60 дена, кратење на времето на исплата на капитацијата, замена на доктор при подолготрајно отсуство од работа заради болест и др.


 

акредитирани стручни активности

Седници на Извршен одбор
Акредитирани испитувачи во комисии за полагање стручен испит
Акредитирани здравствени установи за стручен испит
Vox Medici
 
Меѓународни конгреси, симпозиуми, работилници...
Спортски секции
Поволности за лекари
Нудиме – бараме
 
Лекарска комора на Македонија
“Партизански одреди” број 3, 1000 Скопје, Македонија
работно време:
понеделник - петок од 08 до 16 ч.
тел. 02/3239060
тел. 02/3225592
жиро сметка: 200000011464034
факс. 02/3124066
developed by Медиум 3