пребарување
   
 

Нови анекс на договори за примарна и специјалистичко - консултативна заштита

12.06.2019Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија понуди анекс на договори со важност до крајот на 2019 година со кои ќе се регулира плаќањето на здравствените услуги во примарната здравствена заштита (општа медицина и гинекологија) , специјалистичко - консултативна здравствена заштита, како и за плаќање на лабораториски испитувања во специјалистичко-консултативна здравствена заштита по упат од избран лекар.

Во анекс на договорите една од клучната измена е во намалување и прегрупирање на висината на договорните казни, како и бришење на дел од нив. Овие договори се уште се во работна верзија, а за 2020 година, како што најавија од Фондот, ќе се изготват нови договори на кои ќе се работи во наредните шест месеци и кои ќе бидат поразлични од досегашните. Според објаснувањата од Фондот и при изготвувањето на новите договори ќе продолжи соработката со Лекарската комора (ЛКМ) на содржините и нивните одредби. Инаку, анексите на договорите се во завршна фаза и наскоро се очекува нивна финализација откако ќе бидат разгледани предлозите и забелешките на претставниците на Комората.

Фондот за здравствено осигурување и Лекарската комора во изминатиот период остварија две работни средби за анексите на договорите. Двете страни веруваат дека ќе се изнајде најприфатливо решение и ќе почна потпишувањето на анекс на договорите со кои ќе се регулира плаќањето на здравствените услуги во примарната здравствена заштита (општа медицина и гинекологија) , специјалистичко - консултативна здравствена заштита, како и за плаќање на лабораториски испитувања во специјалистичко-консултативна здравствена заштита по упат од избран лекар.
акредитирани стручни активности

Акредитирани испитувачи во комисии за полагање стручен испит
Акредитирани здравствени установи за стручен испит
Vox Medici
 
Меѓународни конгреси, симпозиуми, работилници...
Спортски секции
Поволности за лекари
Нудиме – бараме
 
Лекарска комора на Македонија
“Партизански одреди” број 3, 1000 Скопје, Македонија
работно време:
понеделник - петок од 07:30 до 15 ч.
тел. 02/3239060
тел. 02/3225592
жиро сметка: 200000011464034
факс. 02/3124066
developed by Медиум 3