пребарување
   
 
Благодарници за докторите за пожртвуваноста и посветеноста во згрижувањето на повредените во автобуската несреќа на 13 Февруари 2019 година

Доделени благодарница на ЈЗУ Здравствен дом - Скопје, Итна медицинска помош, Хируршките клиники во Скопје и ЈЗУ Градска општа болница „8-ми Септември“ Скопје

10.04.2019

Лекарката комора на Македонија додели благодарници на устaновите и докторите кои беа вклучени во згрижувањето и лекувањето на настраданите во автобуската несреќа на 13 Февруари 2019 година кај селото Ларскарци, Скопско. За покажаната посветеност во згрижувањето на повредените од сообраќајната несреќа Комората искажува јавна благодарност на сите доктори кои беа вклучени во оваа акција.
На 12.03.2019 година во просториите на ЈЗУ Здравствен дом Скопје - Итна медицинска помош, Комората им додели благодарница на докторите и вработените кои покажаа пожртвуваност и посветеност во згрижувањето на повредените во автобуската несреќа на 13 Февруари 2019 година кај селото Ларскарци Скопско.
Благодарницата ја додели претседателката на Лекарската комора на Македонија Доц.д-р Калина Гривчева Старделова, а во име на вработените ја примија д-р Злате Мехмедовиќ и г-дин Бесим Кока директори на ЈЗУ Здравствен дом - Скопје. На доделувањето беа писустни и дел од докторите од итната медицинска помош кои први пристигнале и активно биле вклучени во укажувањето на првата помош на местото на несреќата.

Доц. д-р Калина Гривчева Старделова искажа голема благодарност до сите свои колеги за несебичната заложба и посветеност во укажувањето на првата помош на повредените на местото на несреќата на автопатот Скопје Тетово кај селото Ласкарци. Екипите на итната медицинска помош веднаш по информацијата за случената стравична несреќа на патниот правец Скопје – Тетово, во близина на селото Ласкарци, интервенираа на терен со повеќе специјализирани возила и помагаа во извлекувањето на настраданите патници во автобусот.

Д-р Злате Мехмедовиќ и г-дин Бесим Кока се заблагодарија во името на вработените за укажаното внимание, искатнувајќи дека благодарницата многу им значи, особено дека доаѓа како потврда за нивната посветеност во работењето.
На 03.04.2019 година Претседателката на Лекарската комора на Македонија д-р Калина Гривчева Старделова во библиотеката на ЈЗУ УК за ТОАРИЛУЦ-Скопје,ОЕ Ортопедија ги додели благорадниците на здравствените установи и докторите на медицина кои покажаа пожртвуваност и посветеност во згрижувањето, третманот и лекувањето на повредените во автобуската несреќа на 13 Февруари 2019 година кај селото Ларскарци, Скопско. Беа доделени благодарници на ЈЗУ УК за ТОАРИЛУЦ-Траума, ЈЗУ УК за ТОАРИЛУЦ-Ургентен, ЈЗУ УК за ТОАРИЛУЦ-Ортопедија, ЈЗУ УК за ТОАРИЛУЦ-КАРИЛ, ЈЗУ УК за Детска хирургија, ЈЗУ УК за Тораковаскуларна хирургија, ЈЗУ УК за Дигестивна хирургија, ЈЗУ УК за Урологија,ЈЗУ УК за Неврохирургија, ЈЗУ УК за Пластична и реконструктивна хирургија и ЈЗУ УК за Гастроентерохепатологија.

  

Претседателката на Лекарската комора на Македонија д-р Калина Гривчева Старделова на 03.04.2019 година, додели благодарница на ЈЗУ Градска општа болница „8-ми Септември“ Скопје, а во име на вработените ја прими директорот д-р Христијан Костов. На доделувањето беа писустни и дел од докторите кои покажаа пожртвуваност и посветеност во згрижувањето, лекувањето и третманот на повредените во автобуската несреќа.

Д-р Христијан Костов во името на вработените се заблагодари и истакна дека дека благодарницата им значи значи многу, особено дека доаѓа како потврда за нивната посветеност во работењето.

акредитирани стручни активности

Акредитирани испитувачи во комисии за полагање стручен испит
Акредитирани здравствени установи за стручен испит
Vox Medici
 
Меѓународни конгреси, симпозиуми, работилници...
Спортски секции
Поволности за лекари
Нудиме – бараме
 
Лекарска комора на Македонија
“Партизански одреди” број 3, 1000 Скопје, Македонија
работно време:
понеделник - петок од 08 до 16 ч.
тел. 02/3239060
тел. 02/3225592
жиро сметка: 200000011464034
факс. 02/3124066
developed by Медиум 3