пребарување
   
 

ФЗОМ најавува прием на квалификувани дигитални сертификати (токени)

06.12.2018

Фондот за здравствено осигурување на Македонија ги известува сите заинтересирани корисници на електронските услуги на Фондот дека согласно Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за начинот на користење, пристап, издавање, чување и заштита на податоците од информацискиот систем на ФЗОМ достапни на Веб порталот ( -„Службен весник на РМ" бр. 184/2017 година), како и Правилникот за изменување на Правилникот за содржината и начинот на остварувањето на правата и обврските од задолжителното здравствено осигурување ( „Службен весник на РМ" бр. 146/2018 година), во наредниот период можат по сопствено видување да направат набавка на квалификуван дигитален сертификат од еден од двата овластени издавачи на сертификати - Македонски Телеком или КИБС .

Фондот за здравствено осигурување на Македонија во изминатиов период презеде активности и направи адаптација на софтверските решенија во информацискиот систем и тие ќе бидат во функција и со можност за користење на квалификувани дигитални сертификати.

Со оглед на тоа дека произлегоа извесни дилеми и прашања во поглед на користењето на квалификуваните дигитални сертификати од страна на овластените лица на здравствените установи, Фондот инфромира дека согласно Правилникот за изменување- и дополнување на Правилникот за начинот на користење, пристап, издавање, чување и заштита на податоците од информацискиот систем на ФЗОМ достапни на Веб порталот ( „Службен весник на РМ" бр. 184/2017 година) е овозможено овластените лица на здравствените установи и ортопедските куќи поднесувањето на електронските фајлови за финансиска документација согласно со договорите склучени со Фондот, да ги вршат преку Веб порталот на Фондот и електронски да ги потпишуваат со валиден квалификуван дигитален сертификат .

Според Правилникот за изменување на Правилникот за содржината и начинот на остварувањето на правата и обврските од задолжителното здравствено осигурување („Службен весник на РМ" бр. 146/2018 година), информираат од Фондот, пак, доколку осигурените лица и лекарот немаат електронска здравствена картичка, верификацијата на направениот избор на лекар/ промена или одјава на лекар ја врши лекарот со дигитално потпишување со валиден квалификуван дигитален сертификат.

Фондот за здравствено осигурување укажува дека во овој период забрзано работи на подготовка на софтверско решение склучувањето на новите договори со здравствените установи за 2019 година да се одвива електронски преку Веб порталот на Фонодот, преку кој овластените лица ќе можат да го потпишат договорот со валиден квалификуван дигитален сертификат.

Во услови кога овластеното лице во здравствената установа, според податоци од Централниот регистар на Р.Македонија, е избран лекар/стоматолог/фармацевт кој работи во истата здравствена установа тогаш тој може со својот квалификуван дигитален сертификат да направи избор на лекар, промена или одјава на лекар, да поднесе електронски фајлови за финансиска документација преку Веб порталот на Фондот, како и електронски да го потпише договорот со Фондот за 2019 година (тогаш кога за тоа ќе се создадат услови).

Доколку овластеното лице во здравствената установа не е избран лекар, тогаш избраниот/е лекар/и кои се дел од лекарскиот тим и имаат договор со Фондот, а немаат валиден сертификат од електронската здравствена картичка, треба да набават свој квалификуван дигитален сертификат со цел да можат преку Веб порталот на Фондот да вршат избор на лекар, промена или одјава на лекар.

Фондот напоменува дека сите регистрирани лица со корисничко име на порталот на Фондот (лекари, стоматолози, фармацевти, овластени лица од здравствените установи и правните субјекти и останати) кои сеуште имаат валидна електронска здравствена картичка и понатаму ќе можат да ја користат истата, освен во делот на потпишувањето на договорите.

Доколку овластените лица од здравствените установи според евиденцијата од Централен регистар на Р.Македонија, немаат профил за најава на Веб порталот на Фондот, тие за потребите на потпишувањето на догоаорите во периодот кој претстои треба да поднесат барање (во писмена или електронска форма) во подрачните служби на Фондот, со цел да им се овозможи пристап.

Од Фондот нагласуваат дека континуирано работат и на проширување и воведување на нови електронски услуги кои ќе се користат со употреба на квалификуван дигитален сертификат, за што сите субјекти навремено ќе бидат известени.


акредитирани стручни активности

Акредитирани испитувачи во комисии за полагање стручен испит
Акредитирани здравствени установи за стручен испит
Vox Medici
 
Меѓународни конгреси, симпозиуми, работилници...
Спортски секции
Поволности за лекари
Нудиме – бараме
 
Лекарска комора на Македонија
“Партизански одреди” број 3, 1000 Скопје, Македонија
работно време:
понеделник - петок од 08 до 16 ч.
тел. 02/3239060
тел. 02/3225592
жиро сметка: 200000011464034
факс. 02/3124066
developed by Медиум 3