пребарување
   
 

Анекс за продолжување на договорите со избраните лекари

26.11.2018

На денешната средба што се одржа во просториите на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Фондот и Лекарската комора на Македонија се договорија да се потпише анекс за продолжување на постоечките договори со избраните лекари, гинеколозите, педијатрите и лабараториите, кој ќе се применува во наредните шест месеци. Во меѓувреме преставниците на Фондот за здравство и Комората ќе формираат посебни работни групи кои ќе работат на подобрување на договорите и нивни корекции.

На средбата со директорите на Фондот г-дин Данаил Дончев и г-дин Орхан Рамадани е договорено да се стави мораториум на договорните казни во овој период, освен за случаите кога со повредата е сторено кривично дело.

Работните групи ќе работат на дефинирање и начинот на спроведување на целите, со цел да се подигне нивото на превентивна здравствена заштита на населението во Р.Македонија, казнената политика, различни поени по возрасни групи за одредени специјалности, дежурствата, контролите..., интенција ќе биде во овие групи да се вклучат и преставници од Министерството за здравство, со оглед што за некои од дадените иницијативи и предлози е потребно изменување на законите и подзаконските акти.

Фондот за здравствено осигурување на Македонија и овој пат истакна дека е подготвен низ дијалог да се дојде до најсоодветните решенија за осигурениците и избраните лекари.

На средбата Фондот за здравство понуди три можности, да се разгледуваат понудените предлог договори член по член, да се прифатат предлог договорите со важност од една година и во меѓувреме за тој период да се работи на сите отворени прашања и да се направи анекс за продолжување на постоечкиот договор за шест месеци.

Фондот за здравство и Лекарската комора ќе продолжат со вакви активности и во наредниот период и тие ќе се одвиваат транспарентно и за нив ќе биде информирана јавноста.

Појаснување за пристап кон "порталот за лекари"
  1. ДОКТОРИ КОИ ПОСЕДУВААТ ЛИЦЕНЦА ЗА РАБОТА -
    Сите доктори кои поседуваат Лиценца за работа, односно веќе се впишани во Регистарот на доктори, НЕ ТРЕБА ДА СЕ РЕГИСТРИРААТ кога пристапуваат во Порталот за лекари (portal.lkm.org.mk), туку да се ЛОГИРААТ, при што за:
    • КОРИСНИЧКО ИМЕ ја внесувате Вашата меил адреса. Доколку сте заборавиле со која меил адреса сте веќе регистрирани во системот или истата повеќе не е функционална, Ве молиме во текот на работното време да се јавите на 02 3124066, локал 105, за да се направи корекција.
    • ЛОЗИНКА ги внесувате последните 6 (шест) цифри од Вашиот матичен број.

    Потоа кликате на "Логирај се" со што пристапувате кон Вашето досие и дококу има потреба може да побарате ажурирање на Вашите податоци.

  2. ДОКТОРИ КОИ ПОЛОЖИЛЕ СТРУЧЕН ИСПИТ, НО НЕ СЕ ЗАПИШАНИ ВО РЕГИСТАРОТ НА ДОКТОРИ НА РСМ
  3. Сите доктори кои положиле стручен испит, но не се запишани во Регистарот на доктори, односно немаат изготвена Лиценца за работа, потребно е:

    • Да СЕ РЕГИСТРИРААТ на Порталот за лекари.
    • Да пополнат Пријава за упис која треба да ја достават во архивата на Лекарската Комора. Пријавата може да ја преземете и испечатите од следиот линк http://www.lkm.org.mk/mk/zapis.asp?ID=285
акредитирани стручни активности

Седници на Извршен одбор
Акредитирани испитувачи во комисии за полагање стручен испит
Акредитирани здравствени установи за стручен испит
Vox Medici
 
Меѓународни конгреси, симпозиуми, работилници...
Спортски секции
Поволности за лекари
Нудиме – бараме
 
Лекарска комора на Република Северна Македонија
“Партизански одреди” број 3, 1000 Скопје, Република Северна Македонија
работно време:
понеделник - петок од 08 до 16 ч.
тел. 02/3239060
тел. 02/3225592
жиро сметка: 200000011464034
факс. 02/3124066

facebook.com/lkm.org.mk
developed by Медиум 3