пребарување
   
 

Лекарската комора на Македонија најостро го осудува инцидентот на КАРИЛ

08.11.2018
Лекарската комора на Македонија најостро го осудува инцидентот на Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување - КАРИЛ, во кој во утринските часови било физички и вербално нападнато медицинско лице кое работи на оваа установа во која се лекуваат најтешко болните пациенти. Комората сочувствува со блиските на пациентот кој починал, но и во оваа прилика јасно декларира дека осудува какво било насилство врз медицински персонал кој секојдневно се бори за животот на пациентите, посебно кога станува збор за пациенти кои се во сериозна и животозагрозувачка состојба. Комората укажува дека насилството во здравството, за жал, е многу почеста појава отколку што се зборува за неа и покрај тоа што секој поединечен инцидент не е само лична трагедија и траума, туку го урива интегритетот и дигнитетот на докторот, здравствениот работник и здравствениот систем во целина. Од тие причини, Лекарската комора како потписник на Декларација за „Стоп на насилство во здравството“ на членките на ЗЕВА, асоцијација во која се обединети 17 комори од земјите на Централна и Источна Европа, ја поддржува најавата на Министерството за здравство дека многу скоро во соработка со Министерството за внатрешни работи ќе се обезбеди помош и заштита од полицијата.             
Декларација - Стоп на насилство врз докторите на медицина, стоматологија, фармацевтите, медицинските сестри, техничари, акушерки и другите здравствени работници. На национално ниво, ја потпишаа Лекарската комора на Македонија, Стоматолошката комора и Фармацевтската, како и министерот за здравство и претседателката на Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки на Република Македонија. Потписниците со неа се обврзаа, секој во рамки на своите ингеренции, да работи на заштита од насилство врз здравствените работници и соработници, а особено на единствено безбедна средина во која се даваат здравствени услуги, гарантира сигурна, стручна и квалитетна здравствена заштита за пациентите. Со Декларацијата се потенцира и правото за безбедна работна средина и неопходноста насилството во здраството сериозно да биде сфатено од страна на управителите на сите здравствени установи, како и дека со помош на полицијата и правниот систем мора ефикасно да се справиме со сите негови облици.    
Едно од начелата на Деларацијата е и дека плановите за спречување на насилството врз докторите на медицина и стоматологија, фармацевтите, медицинските сестри, техничари, акушерки и другите здравствени работници мора да се изработуваат на национално ниво, но и во здравствени установи, додека инцидентите на насилство мора да бидат документирани преку систем кој ќе биде обезбеден од страна на Владата и здравствените установи.   

Заложбата на Лекарската комора е за јасно и транспарентно делување во кое нема никаква толеранција за насилство насочено против лицата кои даваат здравствени услуги, а тоа, според потписниците на Декларацијата, мора да се воведе на сите нивоа во секторот на здравствена заштита и јавно да се поддржува.
акредитирани стручни активности

Акредитирани испитувачи во комисии за полагање стручен испит
Акредитирани здравствени установи за стручен испит
Vox Medici
 
Меѓународни конгреси, симпозиуми, работилници...
Спортски секции
Поволности за лекари
Нудиме – бараме
 
Лекарска комора на Македонија
“Партизански одреди” број 3, 1000 Скопје, Македонија
работно време:
понеделник - петок од 08 до 16 ч.
тел. 02/3239060
тел. 02/3225592
жиро сметка: 200000011464034
факс. 02/3124066
developed by Медиум 3