пребарување
   
 

Лекарската комора со докторите од Крушево

02.10.2018
Докторите од Одборот на ЛКМ во Крушево се соочуваат со проблеми на здравствената заштита во руралните средини, со недостиг на специјалисти, а правните пречки недозволуваат времено ангажирање на специјалисти од различни области од другите општини и установи. Докторите бараат „олабавување“ на режимот на препишување на лекови и овозможување некои препарати за кои сега е задолжително препорака од специјалист или супспецијалист да можат да ги препишуваат и матичните лекари. Дотолку повеќе што во помалите места ги нема сите специјалности, а пациентите не се секогаш во можност да патуваат во најблискиот град каде што има доктори од соодветната специјалност. Беше побарано за докторите кои се ангажирани на имунизацијата да се организира едукација која би им користела во работењето. Ваквата потреба е резултат на специфичниот систем на функционирање на превентивната заштита и вакцинација во крушевскиот регион во кој овие области ги покриваат докторите кои во исто време работат и во службата на итна медицинска помош. Докторите побараа од Комората навреме да добиваат информации на организираните акредитирани стручни активности за да можат да ги планираат своите ангажмани.             

Ова се клучните поенти од состанокот на преставниците на Лекарската комора кој се одржа на 28 септември во Здравствениот дом Крушево, а на кој присуствуваа доктори од Oдбор на доктори - Крушево, претседателот на ЛКМ д-р Калина Гривчева Старделова, д-р Џабир Бајрами претседателот на Собранието на ЛКМ, д-р Игор Дабески - потпретседател за примарна здравствена заштита и Директорот на Здравствен дом Крушево д-р Зорица Манчевска - Трајчулеска.  
         
На состанокот Претседателката на ЛКМ ги запозна присутните со активностите на Комората пред се околу измените на законската регулатива, пред се околу подготовките на новиот Закон за здравствена заштита на кој се работи како и за настојувањата во пакет со Закон за здравствена заштита да се донесе и Законот за докторска дејност. Според д-р Гривчева - Старделова пратениците кои се членови на Комисијата за здравство при Собранието на Република Македонија даваат целосна поддршка на ваквиот концепт и ќе се заложат тој да се реализира.            Членовите на Одборот на лекари беа запознати и со меѓународните активности на Комората, како и учеството на ЗЕВА кој во текот на септември се одржа во Прага, Чешка, а на кој беа презентирани националните извештаи за темата на Собирот - ангажирани и вработени странски доктори во земјите членки на оваа асоцијација.   
          
На средбата стана збор и за специјализациите остварените средби со Министерот за здравство, директорите на ФЗОМ, претставници на Светска банка, соработката со Фармацевската и Стоматолошката комора, синдикатите, за новините кои се планираат во континуираната медицинска едукација, како и за други актуелни прашања од надлежноста на Комората.             
Претседателот на Собранието на Комората д-р Бајрами истакна дека се надева дека заложбите на Комората ќе се реализираат затоа што за разлика од претходниот период сега оние што ги носат одлуките како институциите на системот се достапни и отворени за соработка со претставниците на Комората, а потпретседателот д-р Дабески укажа на незавидната состојба на докторите во малите места, проблемите кои ги имаат избраните лекари, како и неможноста тие да специјализираат.               
Појаснување за пристап кон "порталот за лекари"
  1. ДОКТОРИ КОИ ПОСЕДУВААТ ЛИЦЕНЦА ЗА РАБОТА -
    Сите доктори кои поседуваат Лиценца за работа, односно веќе се впишани во Регистарот на доктори, НЕ ТРЕБА ДА СЕ РЕГИСТРИРААТ кога пристапуваат во Порталот за лекари (portal.lkm.org.mk), туку да се ЛОГИРААТ, при што за:
    • КОРИСНИЧКО ИМЕ ја внесувате Вашата меил адреса. Доколку сте заборавиле со која меил адреса сте веќе регистрирани во системот или истата повеќе не е функционална, Ве молиме во текот на работното време да се јавите на 02 3124066, локал 105, за да се направи корекција.
    • ЛОЗИНКА ги внесувате последните 6 (шест) цифри од Вашиот матичен број.

    Потоа кликате на "Логирај се" со што пристапувате кон Вашето досие и дококу има потреба може да побарате ажурирање на Вашите податоци.

  2. ДОКТОРИ КОИ ПОЛОЖИЛЕ СТРУЧЕН ИСПИТ, НО НЕ СЕ ЗАПИШАНИ ВО РЕГИСТАРОТ НА ДОКТОРИ НА РСМ
  3. Сите доктори кои положиле стручен испит, но не се запишани во Регистарот на доктори, односно немаат изготвена Лиценца за работа, потребно е:

    • Да СЕ РЕГИСТРИРААТ на Порталот за лекари.
    • Да пополнат Пријава за упис која треба да ја достават во архивата на Лекарската Комора. Пријавата може да ја преземете и испечатите од следиот линк http://www.lkm.org.mk/mk/zapis.asp?ID=285
акредитирани стручни активности

Седници на Извршен одбор
Акредитирани испитувачи во комисии за полагање стручен испит
Акредитирани здравствени установи за стручен испит
Vox Medici
 
Меѓународни конгреси, симпозиуми, работилници...
Спортски секции
Поволности за лекари
Нудиме – бараме
 
Лекарска комора на Република Северна Македонија
“Партизански одреди” број 3, 1000 Скопје, Република Северна Македонија
работно време:
понеделник - петок од 08 до 16 ч.
тел. 02/3239060
тел. 02/3225592
жиро сметка: 200000011464034
факс. 02/3124066

facebook.com/lkm.org.mk
developed by Медиум 3