Унапредување на соработката со Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки на Р. Македонија03.05.2018
Лекарската
комора на Македонија и Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки
на Р. Македонија ќе ја продлабочуваат соработката, пред се, во однос на поддршката
на активностите на Здружението и неговите заложби за посебна регулација на
статусот на овие професии во законската регулатива и во системот на здравствена
заштита. Ова е договорено на средбата на претседателката на Комората, доц. д-р
Калина Гривчева – Старделова со претседателката на Здружението, Велка Гавровска – Лукиќ, што се одржа во
просториите на Здружението во Скопје.
На средбата стана збор и за потребата на
донесување на посебна законска рамка за медицински сестри, техничари и
акушерки, дефинирање на овие професии во каталогот на занимања,
унапредување на заедничките активности
кои ќе придонесат за поуспешно организирање и имплементација на континуираната
медицинска едукација за сестрите, техничарите и акушерките, како и поддршка на
проектите за нивна едукација и доусовршување. Појаснување за пристап кон "порталот за лекари"
Формулари и обрасци
![]() Легислатива
Седници на Извршен одбор
Акредитирани испитувачи во комисии за полагање стручен испит
Акредитирани здравствени установи за стручен испит
Меѓународни конгреси, симпозиуми, работилници...
Спортски секции
Поволности за лекари
![]() ![]() Нудиме – бараме
|