пребарување
Се вчитува...
   
 

Работна средба со директорите на Фондот за здравствено осигурување

12.04.2018

Период од 35 дена во кој здравствената установа ќе има можност да вработи лекар и дополнителни три месеци за ново вработениот доктор да ги контактира и да ги префрли осигурениците кај него. Ова е решението што Фондот за здравствено осигурување на Македонија им го нуди на матичните лекари како одоговор на нивното барање осигурениците да бидат прикрепени за здравствена установа, а не за избран лекар.
              
Ваквиот предлог беше соопштен на денешната работна средба на директорите на Фондот, Ден Дончев и Орхан Рамадани со извршниот одбор на Лекарската комора на Македонија. Според  д-р Ана Петрова, советник на директорот, во Фондот за здравство сметаат дека правото на избор на лекар треба да остане кај осигурениците, а во периодот додека трае трансферот, на докторот ќе му се исплатува капитацијата, односно онолку колку што имал претходниот доктор. Станува збор за преоден концепт, додека за конечното решение ќе може да се разговара откако ќе се воведе електронското здравствено досие и интегрираниот здравствен систем, а за тоа, како што беше објаснето, ќе бидат потребни од три до пет години. На средбата беа најавени и измени во системот на упатување на пациентите, како и  во обрасците за итна медицинска помош, за домашно лекување и за дежурните служби. Се отвори и прашањето за зголемувањето на капитаионот бод, а според објаснувањата на претставниците на Фондот, во моментов нема можности за такво нешто.   
             
Фондот за здравствено осигурување е отворен  за  нови пакети во ДРГ системот, но притоа тие треба да бидат предложени со  издржано образложени и по утврдена методологија.   Членовите на Извршниот одбор го отворија прашањето и за неоснованото преупатување на пациентите од примарно во секундарно и во терцијерно ниво, како и од една во друга установа.  Како  посебен  проблем беше посочено и тоа што се бара да работа по ДРГ системот, а им се плаќа со утведени буџети на годишно ниво, така што оние кои повеќе работат ги зголемуваат загубите и немаат средства да инвестираат во подобрувањето на условите  и обнова на апаратурата во установата.  Членовите на Извршниот одбор истакнаа дека е многу поадекватно средствата од Фондот да ги следат пациентите, или пак да се овозможи наплата на  услугите од установата која  ги преупатува пациентите иако може да ја обезбеди со сопствените капацитети.                  



Акредитирани испитувачи во комисии за полагање стручен испит
Акредитирани здравствени установи за стручен испит
Vox Medici
 
Меѓународни конгреси, симпозиуми, работилници...
Пријава за осигурување
на професионална одговорност
Спортски секции
Поволности за лекари
Нудиме – бараме
Анкетен прашалник
 
Лекарска комора на Македонија
“Партизански одреди” број 3, 1000 Скопје, Македонија
работно време:
понеделник - петок од 08 до 16 ч.
тел. 02/3239060
тел. 02/3225592
жиро сметка: 200000011464034
факс. 02/3124066
developed by Медиум 3