пребарување
   
 

ЛКМ на регионалната коморска средба во Црна Гора

30.03.2018

Во организација на Лекарската комора на Црна Гора на 30 март 2018 година во Подгорица, Црна Гора почна првата регионална работна средба на претседателите на лекарските комори од регионот. Лекарската комора на Македонија на овој дводневен регионален состанок на професионалните коморски асоцијации ја претставува д-р Илбер Бесими, заменикот на претседателот на ЛКМ.


На дневен ред се повеќе значајни теми за коморското работење и за докторите како професионалци, меѓу кои се „Професионалниот статус на лекарите“, „Улогата на лекарската комора во здравствениот систем - заеднички пробелми“, „Социо - економскиот статус на лекарите“, како и прашањето за „Одливот на лекарите од јавното здравство“.


Појаснување за пристап кон "порталот за лекари"
  1. ДОКТОРИ КОИ ПОСЕДУВААТ ЛИЦЕНЦА ЗА РАБОТА -
    Сите доктори кои поседуваат Лиценца за работа, односно веќе се впишани во Регистарот на доктори, НЕ ТРЕБА ДА СЕ РЕГИСТРИРААТ кога пристапуваат во Порталот за лекари (portal.lkm.org.mk), туку да се ЛОГИРААТ, при што за:
    • КОРИСНИЧКО ИМЕ ја внесувате Вашата меил адреса. Доколку сте заборавиле со која меил адреса сте веќе регистрирани во системот или истата повеќе не е функционална, Ве молиме во текот на работното време да се јавите на 02 3124066, локал 105, за да се направи корекција.
    • ЛОЗИНКА ги внесувате последните 6 (шест) цифри од Вашиот матичен број.

    Потоа кликате на "Логирај се" со што пристапувате кон Вашето досие и дококу има потреба може да побарате ажурирање на Вашите податоци.

  2. ДОКТОРИ КОИ ПОЛОЖИЛЕ СТРУЧЕН ИСПИТ, НО НЕ СЕ ЗАПИШАНИ ВО РЕГИСТАРОТ НА ДОКТОРИ НА РСМ
  3. Сите доктори кои положиле стручен испит, но не се запишани во Регистарот на доктори, односно немаат изготвена Лиценца за работа, потребно е:

    • Да СЕ РЕГИСТРИРААТ на Порталот за лекари.
    • Да пополнат Пријава за упис која треба да ја достават во архивата на Лекарската Комора. Пријавата може да ја преземете и испечатите од следиот линк http://www.lkm.org.mk/mk/zapis.asp?ID=285
акредитирани стручни активности

Седници на Извршен одбор
Акредитирани испитувачи во комисии за полагање стручен испит
Акредитирани здравствени установи за стручен испит
Vox Medici
 
Меѓународни конгреси, симпозиуми, работилници...
Спортски секции
Поволности за лекари
Нудиме – бараме
 
Лекарска комора на Република Северна Македонија
“Партизански одреди” број 3, 1000 Скопје, Република Северна Македонија
работно време:
понеделник - петок од 08 до 16 ч.
тел. 02/3239060
тел. 02/3225592
жиро сметка: 200000011464034
факс. 02/3124066

facebook.com/lkm.org.mk
developed by Медиум 3