пребарување
Се вчитува...
   
 

Министерството за финансии го „пломбира” новиот трошковник на сметководителите

18.09.2017                Поради реакција на голем број сметководители и правни субјекти, на 13 септември, Министерството за финансии уште еднаш укажа  дека Предлог - правилникот за утврдување основни критериуми при утврдување минимални трошоци за вршење книговодствени работи, кој е објавен на веб-страницата на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Р.Македонија, е незаконски и затоа не треба да се применува.                

Претходно, на 19 јуни 2017 година, Министерството за финансии  реагираше со допис до Институтот, на Актот донесен од нивна страна со кој се утврдуваат минималните трошоци за вршење книговодствени работи, укажувајќи им на фактот дека тој е противзаконски и дека Собранието на Институтот нема надлежност при утврдување на минималните трошоци за вршење книговодствени работи. И покрај тоа, Управниот одбор на Институтот донесе Предлог - правилник со кој се утврдуваат основни критериуми за утврдување минимални трошоци при вршење книговодствени работи, кој, како што се вели во самиот Предлог - правилник, треба да стапи на сила од први јули.                

Ова е спротивно на Законот за вршење сметководствени работи, во кој точно се утврдени надлежностите на Управниот одбор на Институтот, според кои тој може да ги утврдува критериумите за утврдување на цената на услугите, но не и минималните трошоци за нив.                

Согласно ова,  Министерството за финансии извести дека согласно законските овластувања утврдени во Законот за вршење сметководствени работи, врши надзор над работењето на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија.                

Лекарската комора на Македонија, заедно со Стоматолошката и Фармацевтската комора реагираа на Предлог – правилникот за утврдување на основни критериуми при утврдување минимални трошоци за вршење книговодствени и сметковдствени работи и официјално побараа негово преиспитување, односно корекции кои ќе се направат во соработка со претставниците на коморите.  Во таа функција, коморите  во текот на летото остварија и средба со првите луѓе на  Институтот на сметководители и овластени сметководители на Р.Македонија. 
 
Лекарска комора на Македонија
“Партизански одреди” број 3, 1000 Скопје, Македонија
работно време:
понеделник, вторник, среда и петок од 08 до 16 ч.
четврток од 08 до 18 ч.
тел. 02/3239060
тел. 02/3225592
жиро сметка: 200000011464034
факс. 02/3124066
developed by Медиум 3