пребарување
Се вчитува...
   
 

Одбележан Денот на Лекарската комора на Македонија

05.06.2017

По повод 5–ти јуни, Денот на Лекарската комора на Македонија, денес на заедничка средба на претставниците на ЛКМ со претставници на државните институции, универзитетите, медицинските факултети, професионални лекарски асоцијации и здруженија се одбележа 25годишнината од основањето на оваа професионална докторска асоцијација со јавни овластувања.

На средбата присуствуваа Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, деканите на медицинските факултети во Скопје и Тетово, д-р Соња Топузовска и проф. д-р Насир Беџети, директорот на ФЗОМ, Орхан Рамадани, како и повеќе пртставници на лекарски асоцијации и здруженија. На средбата присуствуваа и поранешните претседатели на Комората, проф. д-р Алексеј Дума и проф. д-р Владимир Борозанов.

Претседателката на ЛКМ, доц. д-р Калина Гривчева – Старделова, исткана дека Комората ќе продолжи да работи за доброто на докторите и на пациентите, а најави и конструктивна соработка со надлежните институции во креирањето на здравствена полтика.

Министерот за здравство, д-р Таравари, нагласувајќи дека Комората е негов дом веќе 25 години, рече дека „здравствениот систем е составен од доктори и пациенти. Ќе има среќни паценти кога ќе имаме и среќни лекари“. Во својата изјава тој се осврна и на престојните активности насочени кон промени на системот „Мој термин“, како и на другите приоритети во агендата на Министерството за здравство.

Лекарската комора на Македонија е формирана на 5 јуни 1992 година. Иницијативата за формирањето на Комората во Македонското лекарско друштво ја покренуваат неколку еминентни доктори врз основа на сознанијата и практиката што тие ги имаат за развиените земји. Конститутивното Собрание се одржа во Болницата на Армијата на Македонија во Скопје. На првата конститутивна седница, меѓу другите, присуствувал и Киро Глигоров, првиот претседател на Република Македонија. По уводниот збор на проф. д-р Јован Тофовски, министер за здравство и поздравниот говор на Киро Глигоров, делегатите го усвоија Статутот и Кодексот на медицинската деонтологија на Комората. Конситуирани се органите и телата на Лекарската комора на Македонија, а за прв претседател е избран проф. д-р Алексеј Дума.

Свечениот собир по повод Денот на Комората годинава ќе се одржи во втората половина на септември.

Фото МИА

 
Лекарска комора на Македонија
“Партизански одреди” број 3, 1000 Скопје, Македонија
работно време:
понеделник, вторник, среда и петок од 08 до 16 ч.
четврток од 08 до 18 ч.
тел. 02/3239060
тел. 02/3225592
жиро сметка: 200000011464034
факс. 02/3124066
developed by Медиум 3