пребарување
Се вчитува...
   
 

Известување

06.03.2017


Почитувани,

Ве информираме дека Собранието на Лекарската комора на Македонија, на седницата одржана на 23.2.2017 година донесе Одлука за распишување избори за членови во општинските одбори, Собранието и претседател на Лекарската комора на Македонија.
За реализација на изборите, потребно е докторите кои не ги ажурирале своите податоци, да го сторат тоа најдоцна до 10.3.2017 година.


За да извршите увид во евиденцијата на податоците, користете ја електронската услуга, достапна преку веб страницата на Комората (www.lkm.org.mk), за која постапката е следна:

1. Притиснете на текстот „Најава за влез во досие“ (во десниот горен агол на на насловна страница) ;
2. Се најавувате со Вашето „Корисничко име“ и „Лозинка“
Вашето корисничко име е Вашиот регистарски број (број на лиценца) , а Вашата лозинка Ви е испратена по меил ;
3. Со притискање на копчето „Најави се“ , се вклучувате во Вашето досие.


Доколку од било која причина, информациите во Вашето досие не се соодветни, Ве молиме, најдоцна до 10.3.2017 година пријавете и испратете меил со забелешки на адресата: lkm@lkm.org.mk.


Со почит,
Лекарска комора на Македонија

 

 

 
Лекарска комора на Македонија
“Партизански одреди” број 3, 1000 Скопје, Македонија
работно време:
понеделник, вторник, среда и петок од 08 до 16 ч.
четврток од 08 до 18 ч.
тел. 02/3239060
тел. 02/3225592
жиро сметка: 200000011464034
факс. 02/3124066
developed by Медиум 3