пребарување
Се вчитува...
   
 

Избори за органите и телата на Комората на 6 април 2017 година

24.02.2017


Согласно одредбите од Статутот и Правилникот за избор и отповикување на членови во Општинските одбори, Собранието и претседател на Лекарската комора на Македонија, Собранието на Лекарската комора на Македонија на седницата одржана на 23.2.2017 година донесе Одлука за распишување избори за членови во Општинските одбори, Собранието и претседател на Лекарската комора на Македонија.  Изборите за избор на членови во oпштинските одбори и Собранието на Лекарската комора на Македонија ќе се одржат на 6 април 2017 година. 

Собранието на ЛКМ на седницата го усвои и Извештајот за работата на Комората за изминатиов период , донесе Статутарна одлука за изменување и дополнување на Статутот на Лекарската комора на Македонија, текстот на Предлог Законот за докторска дејност, правилници на Комората кои што произлегуваат од јавните овластувања согласно Законот за здравствена заштита како и деловници за работа на Извршниот одбор, Надзорниот одбор и комисиите и работните групи на Комората. 

Членовите на Собранието ја избраа Централната изборна комисија во состав: д -р Александар Стојкоски (претседател), д-р Нагип Руфати (секретар), д-р Љубица Костовска – Христова, д-р Ирина Бухова, д-р Катица Марангозова (членови). 

Собранието го усвои и финансискиот извештај за работењето на Комората во 2015 година како и финансискиот план за 2016 година.

 
Лекарска комора на Македонија
“Партизански одреди” број 3, 1000 Скопје, Македонија
работно време:
понеделник, вторник, среда и петок од 08 до 16 ч.
четврток од 08 до 18 ч.
тел. 02/3239060
тел. 02/3225592
жиро сметка: 200000011464034
факс. 02/3124066
developed by Медиум 3