пребарување
   
 

Традиционални турнири и натпревари на спортските секции

08.04.2016


На 10 април во спортската сала во Виница ќе се одржи 11 турнир во пинг - понг што традиционално се организира во рамките на одбележувањето на 7 Април – Светскиот ден на здравјето. Се очекува да се натпреваруваат повеќе од 30 доктори во машка и женска конкуренција, како и во двојки, а турнирот има меѓународен карактер со оглед дека своето учество го имаат потврдено и доктори од странство. 

***
Традиционалниот турнир во мал фудбал ќе се одржи на 23 април  на терените на Спортско - рекреативниот центар „Никола Карев“ во Скопје. Натпреварите е планирано да почнат во 10 часот. На овој 12 турнир што го организира Спортската секција при Лекарската комора досега се пријавени четири екипи, а според д-р Мирослав Спасовски, бројот на тимовите кои ќе ги одмеруваат силите на теренот не е ограничен, односно заинтересираните се уште можат да се пријават. Контакт: тел - 075/490-091 или на e-mail: spasovski_miroslav@yahoo.com 

 ***
Првенството за доктори во тенис на Македонија „Медикал опен“ по 21 пат ќе се одржи во втората половина на мај, 2016 година (во еден од трите викенди, 14,21, или 29.мај). Покровител на првенството е Лекарската комора на Македонија, а организаторите ги покануваат сите докторки и доктори тенисери да се пријават за учество. Подетални информации и пријава за учество: д-р Никола Пановски, тел - 070/266-795 или e-mail: panovskin@yahoo.com 

акредитирани стручни активности

Акредитирани испитувачи во комисии за полагање стручен испит
Акредитирани здравствени установи за стручен испит
Vox Medici
 
Меѓународни конгреси, симпозиуми, работилници...
Спортски секции
Поволности за лекари
Нудиме – бараме
 
Лекарска комора на Македонија
“Партизански одреди” број 3, 1000 Скопје, Македонија
работно време:
понеделник - петок од 07:30 до 15 ч.
тел. 02/3239060
тел. 02/3225592
жиро сметка: 200000011464034
факс. 02/3124066
developed by Медиум 3