пребарување
   
 

Највисоко признание за 2014 година, Плакета „Св.Наум Охридски“ за д-р Радосав Т. Наковски

05.06.2015

На Собирот се соопшти одлуката на Комисијата за награди, со која највисокото признание на ЛКМ, Плакетата „Св. Наум Охридски“ за 2014 година му се доделува на д-р Радосав Т. Наковски, уролог од Битола. Наградата на добитникот му ја врачи проф. д-р Чакалароски.

5 јуни 2015, Скопје Лекарска Комора на Македонија. Проф. д-р Кочо Чакалароски. Највисоко признание за 2014 година, Плакета „Св.Наум Охридски“ за д-р Радосав Радосав

Највисокото признание на Лекарската комора на Македонија се доделува за особени постигнувања во областа на здравството, придржување кон медицинската етика и Кодексот на медицинска деонтологија.
Предлогот за доделување на Плакетата „Св. Наум Oхридски“ на д-р Радосав Т. Наковски го дадоа неговите колеги, односно Општинската организација на ЛКМ – Битола.

5 јуни 2015, Скопје Лекарска Комора на Македонија. Проф. д-р Кочо Чакалароски. Највисоко признание за 2014 година, Плакета „Св.Наум Охридски“ за д-р Радосав Радосав

Д-р Наковски е роден во 1950 година во Битола.
Во учебната 1969/70 запишува студии по медицина на Универзитетот во Белград каде дипломира во 1975 година.
Кон крајот на 1978 година се вработува во Медицинскиот центар „Д-р Трифун Пановски“ во Битола, а веќе во март 1979 година почнува специјализација по урологија на Клиниката за урологија при Медицинскиот факултет во Скопје. Во јануари 1983 година го положува ECFMG испитот, додека специјалистички испит полага во мај истата година.
Во 1984 година е на стручно усовршување на Клиниката за урологија на Медицинскиот факултет во Љубљана, Словенија. Во 1988 година полага писмен испит на Australian Medical Council, а потоа е на стручно усовршување на гинеколошкото одделение на Универзитетот „Monash“ во Мелбурн, Австралија.
Д-р Наковски е дел од тимот кој во рутинската практика ги воведува уролошките ендоскопски методи како ТУРП, везиклана ендоурологија и утерореноскопија.
Помага при воведувањето на ендоскопските уролошки методи во Прилепскиот медицински центар, Заводот за Нефрологија во Струга и активно е вклучен во обуката на млади специјализанти и специјалисти од цела Македонија.
Член е на Македонското здружение на уролози како и на Светското уролошко здружение - Societe International de Urologie. Учесник е на бројни работилници, семинари и меѓународни конгреси.
Надвор од својата професија, д-р Наковски посветен е на екологијата, вљубеник е во планинарење, велосипедизмот , музиката, поезијата....

5 јуни 2015, Скопје Лекарска Комора на Македонија. Проф. д-р Кочо Чакалароски. Највисоко признание за 2014 година, Плакета „Св.Наум Охридски“ за д-р Радосав Радосав

Иницијатива за доделување на наградата можат да поднесат Општинските и Подрачните одбори на Комората.

Предлозите за награда, се поднесуваат со образложение согласно Правилникот.

акредитирани стручни активности

Акредитирани испитувачи во комисии за полагање стручен испит
Акредитирани здравствени установи за стручен испит
Vox Medici
 
Меѓународни конгреси, симпозиуми, работилници...
Спортски секции
Поволности за лекари
Нудиме – бараме
 
Лекарска комора на Македонија
“Партизански одреди” број 3, 1000 Скопје, Македонија
работно време:
понеделник - петок од 08 до 16 ч.
тел. 02/3239060
тел. 02/3225592
жиро сметка: 200000011464034
факс. 02/3124066
developed by Медиум 3