пребарување
   
 

Најдобар стручен и научен труд објавен во „Vox medici“ за 2014 година

05.06.2015

Главниот уредник на Vox medici, проф. д-р Михаил Кочубовски ја соопшти одлуката за избор на Наградата за најдобар стручен и научен труд објавен во „Vox medici“ за 2014 година.
На свечениот собир, за најдобар објавен труд беше прогласен: „Дефицит на витамин Д кај остеопоротични и остеопенични пациенти со цистична фиброза“ од Т. Јаќовска, Ј. Мечевска-Јовчевска, Л. Спиревска од Универзитетска клиника за детски болести и Универзитетска клиника за клиничка биохемија, при Медицинскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

5 јуни 2015, Скопје Лекарска Комора на Македонија. Проф. д-р Кочо Чакалароски. Највисоко признание за 2014 година, Плакета „Св.Наум Охридски“ за д-р Радосав Наковски

Овој труд е избран како најдобар меѓу 16 -те публикувани стручни и научни труда кои, според оцените на рецензентите, со својата содржина, квалитет и приод ги исполнија критериумите за публикување во прилогот за стручни и научни трудови на „Vox medici“.
Според членовите на Уредувачкиот одбор, трудот „Дефицит на витамин Д кај остеопоротични и остеопенични пациенти со цистична фиброза“ е подготвен од компетентни автори, доктори од Универзитетска клиника за биохемија, при Медицински факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје кои како цел на трудот ја определиле неопходноста да се „детерминира преваленцата на витамин Д дефициентни и инсуфициентни ЦФ пациенти со остеопенија или остеопороза и да се евалуира влијанието на серумското ниво на 250ХД врз коскените маркери и коскениот дензитет“ бидејќи „витамин Д инсуфициенција е честа кај ЦФ пациенти со остеопенија или остеопороза и затоа е потребно мониторирањето и суплементацијата со витамин Д да биде приоритет во менаџирањето на ЦФ пациентите со ЦФ коскена болест“.
Вредноста на трудот, според членовите на Уредувачкиот одбор, не е само во тоа што претставува квалитетна и издржана студија која ги анализира вредностите на витаминот Д кај пациентите болни од цистична фиброза во компарација со контролна група од здрави субјекти. Вредноста се согледува и поради тоа што наодите кои се базирани на соодветна група пациенти, можат да имаат примена во приодот кон пациентите со цистична фиброза и нивното лекување.
Како што се истакнува во образложението за изборот, трудот е мошне јасен и адекватно конципиран со добро планирана методологија на истражување и соодветни методи за биохемиски и ДХА испитувања.

Наградите за авторите беа врачени од страна на Претседателот на Лекарската комора на Македонија, проф. д-р Кочо Чакалароски.

5 јуни 2015,Скопје Лекарска Комора на.Проф. д-р Кочо Чакалароски.Најдобар стручен и научен труд објавен во “Vox medici” за 2014 Т.Јаќовска, Ј.Мечевска-Јовчевска,Л.Спиревскa1

акредитирани стручни активности

Акредитирани испитувачи во комисии за полагање стручен испит
Акредитирани здравствени установи за стручен испит
Vox Medici
 
Меѓународни конгреси, симпозиуми, работилници...
Спортски секции
Поволности за лекари
Нудиме – бараме
 
Лекарска комора на Македонија
“Партизански одреди” број 3, 1000 Скопје, Македонија
работно време:
понеделник - петок од 07:30 до 15 ч.
тел. 02/3239060
тел. 02/3225592
жиро сметка: 200000011464034
факс. 02/3124066
developed by Медиум 3