пребарување
   
 

Комората бара ревизија на Распоредот за изведување на настава од годишен план за едукација на избраните лекари за 2014/2015 година

20.01.2015

Извршниот одбор Лекарската комора на Македонија на седницата одржана на 09.12.2014 година го разгледа Распоредот за изведување на настава од годишен план за едукација на избраните лекари во Република Македонија за 2014/2015 година кој согласно Законот за медицинските студии и континуираното стручно усовршување на докторите на медицина („Службен весник на Република Македонија“ бр.16/13 и 39/14), го изготви и објави на својата веб страна Министерството за здравство. 

По разгледувањето на Распоредот, Комората иницира потреба од негова ревизија со оглед на значењето и потребата на едукацијата на докторите и со официјален допис тоа го побара од Министерот за здравство.

Во дописот се истакнува дека има повеќе причини за ваквото барање, а пред се затоа што Распоредот се коси со одредбите кои однесуваат на правото лекарите на дневен и неделен одмор од Законот за работни односи. Докторите во своите здравствени установи се ангажирани во остварувањето на : работните задачи во текот на работната недела, дежурства и приправност во Здравствените домови согласно Договорите на избраните лекари и Здравствените домови во Република Македонија, и едукациите договорени со ФЗО кои се услов за добивање на 2% од капитацијата. Во тој контекст Комората предлага едукациите да бидат организирани во работни денови.

Во однос на содржините на едукациите се предлага да се стави акцент на едукацијата на практични вештини, а во помал дел на теоретските презентации со обврска тие да бидат објавувани на веб страната на Министерството за здравство.

Распоредот за изведување на настава од годишен план за едукација на избраните лекари во Република Македонија за 2014/2015 година, исто така се предлага да биде групирана по четири едукации во едно тромесечие и дисперзирана по градови според местото на живеење на избраните доктори.

Имајќи ги предвид програмите, планот за едукација, практичните вештини, како и начинот на полагање на специјалистичкиот испит, Комората смета дека е потребно од едукациите да бидат иземени специјалистите по семејна медицина, а евентуално да бидат повикувани за совладување на нови знаења, вештини или евентуално при измени во актуелните клинички патеки од медицина базирана на докази. За специјалистите педијатри, специјалисти по трудова медицина и специјалистите по училишна медицина кои работат како избрани лекари, а своите специјализации ги завршилие по постари програми за специјализации, да се направи строг избор на теоретски прашања и клинички вештини во кои тие би требало да го освежат своето знаење, како и обука за примена на препораките од медицина базирана на докази. Останатиот дел од матичните лекари кои немаат специјализација, а работат во ПЗУ, да ги посетуваат едукациите во целост според веќе направената агенда од страна на Министерство за здравство.

Комората бара заедничка средба со Министерот за здравство на која би се разговарало за Распоредот за изведување на настава од годишен план за едукација на избраните лекари во Република Македонија за да се надминат проблемите кои се јавуваат со неговата реализација, се со цел да се обезбеди квалитетна едукација која ќе одговара на актуелните состојби и интересите на пациентите.

акредитирани стручни активности

Акредитирани испитувачи во комисии за полагање стручен испит
Акредитирани здравствени установи за стручен испит
Vox Medici
 
Меѓународни конгреси, симпозиуми, работилници...
Спортски секции
Поволности за лекари
Нудиме – бараме
 
Лекарска комора на Македонија
“Партизански одреди” број 3, 1000 Скопје, Македонија
работно време:
понеделник - петок од 07:30 до 15 ч.
тел. 02/3239060
тел. 02/3225592
жиро сметка: 200000011464034
факс. 02/3124066
developed by Медиум 3