пребарување
   
 

Упатство

Упатство за поднесување барање за одобрување и категоризирање на стручни активности

Стручното усовршување го спроведуваат Македонското лекарско друштво, стручни здруженија членки на Македонското лекарско друштво и други стручни здруженија. Како организатори на разни форми на стручни усовршувања можат да бидат и Министерството за здравство, Медицинските факултети, МАНУ, клиника, институт, здравствена установа и организации од областа на здравството.

Барањето за одобрување и категоризирање на стручна активност организаторот, комплетирано со потребните документи  се доставува најдоцна три месеци пред одржувањето на соодветниот облик на стручно усовршување. 

Комисијата за стручни прашања при Лекарска комора на Република Северна Македонија, по разгледување на барањето за одобрување и категоризирање на стручна активност донесува одлука за признавање и категоризација на одредената стручна активност и ги определува бодовите утврдени со Правилникот за континуирано стручно усовршување, критериумите за распоредување на облиците, критериумите за избор на спроведувачите на облиците на континуирано стручно усовршување и бодовите за обновување на лиценцата за работа на здравствените работници со високо образование од областа на медицината. 

Со организаторот на облиците на стручните активности Лекарската комората склучува договор за меѓусебните права и обврски. 

акредитирани стручни активности



Акредитирани испитувачи во комисии за полагање стручен испит
Акредитирани здравствени установи за стручен испит
Vox Medici
 
Поволности за лекари
 
Лекарска комора на Република Северна Македонија
“Партизански одреди” број 3, 1000 Скопје, Република Северна Македонија
работно време:
понеделник - петок од 08 до 16 ч.
тел. 02/3239060
тел. 02/3225592
жиро сметка: 200000011464034
факс. 02/3124066

facebook.com/lkm.org.mk
developed by Медиум 3