пребарување
   
 

ПОВОЛНОСТИ И ПОПУСТИ ЗА ЧЛЕНОВИТЕ НА ЛЕКАРСКАТА КОМОРА

Лекарската комора на РСМ има склучено договор за соработка со повеќе компании кои работат во прометот на добра и услуги. Согласно договорите, компаниите за членовите на Комората нудат попусти и дополнителни поволности (бескаматно плаќање на повеќе рати) под услови специјално договорени за членовите на Комората.

Докторите можат да ги користат поволностите за попуст кај коминтентите со кои Лекарската комора има склучено договор со приложување на членската карта издадена од Лекарската комора, додека за поволноста плаќање на рати, неопходно е да обезбедат потврда заверена во здравствената установа во која се вработени.

Сите правни лица и компании кои имаат интерес за соработка можат да нè контактираат на lkm@lkm.org.mk или на телефон 02 323 9060 локал 108. Соработката се остварува преку склучување договор со кој се утврдуваат бенефициите за членовите на комората и начинот на нивно остварување. Комората за сите нови склучени договори редовно информира на својата веб и фејсбук страница.


Поволности за лекари

Услужни дејности и Сервиси

школа за странски јазици ФЕНИКС ЕДУКАЦИЈА ФЕНИКС ЕДУКАЦИЈА повеќе информации
20%; 5 рати за возрасни 8 рати за деца
Појаснување за пристап кон "порталот за лекари"
  1. ДОКТОРИ КОИ ПОСЕДУВААТ ЛИЦЕНЦА ЗА РАБОТА -
    Сите доктори кои поседуваат Лиценца за работа, односно веќе се впишани во Регистарот на доктори, НЕ ТРЕБА ДА СЕ РЕГИСТРИРААТ кога пристапуваат во Порталот за лекари (portal.lkm.org.mk), туку да се ЛОГИРААТ, при што за:
    • КОРИСНИЧКО ИМЕ ја внесувате Вашата меил адреса. Доколку сте заборавиле со која меил адреса сте веќе регистрирани во системот или истата повеќе не е функционална, Ве молиме во текот на работното време да се јавите на 02 3124066, локал 105, за да се направи корекција.
    • ЛОЗИНКА ги внесувате последните 6 (шест) цифри од Вашиот матичен број.

    Потоа кликате на "Логирај се" со што пристапувате кон Вашето досие и дококу има потреба може да побарате ажурирање на Вашите податоци.

  2. ДОКТОРИ КОИ ПОЛОЖИЛЕ СТРУЧЕН ИСПИТ, НО НЕ СЕ ЗАПИШАНИ ВО РЕГИСТАРОТ НА ДОКТОРИ НА РСМ
  3. Сите доктори кои положиле стручен испит, но не се запишани во Регистарот на доктори, односно немаат изготвена Лиценца за работа, потребно е:

    • Да СЕ РЕГИСТРИРААТ на Порталот за лекари.
    • Да пополнат Пријава за упис која треба да ја достават во архивата на Лекарската Комора. Пријавата може да ја преземете и испечатите од следиот линк http://www.lkm.org.mk/mk/zapis.asp?ID=285
акредитирани стручни активности

Седници на Извршен одбор
Акредитирани испитувачи во комисии за полагање стручен испит
Акредитирани здравствени установи за стручен испит
Vox Medici
 
Меѓународни конгреси, симпозиуми, работилници...
Спортски секции
Поволности за лекари
Нудиме – бараме
 
Лекарска комора на Република Северна Македонија
“Партизански одреди” број 3, 1000 Скопје, Република Северна Македонија
работно време:
понеделник - петок од 08 до 16 ч.
тел. 02/3239060
тел. 02/3225592
жиро сметка: 200000011464034
факс. 02/3124066

facebook.com/lkm.org.mk
developed by Медиум 3