|
12.12.2019 Преговори со Фондот за здравствено осигурување за договорите за ПЗЗНови договори за 2020 година со кои ќе се регулира плаќањето на здравствените услуги во примарната здравствена заштита (општа медицина и гинекологија), специјалистичко-консултативна здравствена заштита, како и плаќањето на лабораториските испитувања во специјалистичко-консултативна здравствена заштита по упат од избран лекар.
15.11.2019 Покана за стручна активностИмаме чест да Ве поканиме да присуствувате на стручната активност "Вештини на комуникација на доктори со пациенти и нивните семејства"
08.11.2019 “International Medis awards” 2019 за д-р Тања НиколоваФармацевтската куќа “Медис” со гала свеченост на 5 ноември во Љубљана, Словенија одбележа 30 години од основањето и ги додели традиционалните награди “International Medis awards” на доктори и фармацевти од девет области од земјите во регионот.
15.10.2019 Повик за планинарењеСпортскиот клуб на Лекарската комора на Македонија организира планинарска тура на ден 19.10.2019 година ( сабота ) по падините на Пелистер-Битола.
11.07.2019 International MEDIS AWARDS 2019 година за medical researchСловенечката фармацевтска куќа “Medis” ги повикува за пријавување и учество лекарите и фармацевтите од областа на гастроентерохепатологијата, гинекологијата, интензивната нега (и анестезиологијата), неврологијата, офталмологијата, педијатријата, пулмлогијата (и алергологијата), ревматологијата и фармацијата на International MEDIS AWARDS 2019 година за medical research.
22.06.2019 Договорите ќе се продолжат со анекс - договори до 31.12.2019 година Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија, ги информира давателите на здравствени услуги дека договорите за општа медицина, општа стоматологија, приватни специјалисти, приватни специјалисти стоматолози и лаборатории, ќе се продолжат со анекс на договор до 31.12.2019
22.04.2019 “Medical open” на 1 и 2 јуни во КочаниТрадиционалниот турнир за доктои во тенис “Medical open” ќе се оржи на 1 и 2 јуни 2019 година на терените на Тенискиот клуб “Акватен” во Кочани.
10.04.2019 Информација за промена на износот на членаринаСобранието на Лекарската комора на Македонија на својата седница одржана на ден 05.07.2012 година усвои ОДЛУКА за измена и дополнување на Одлуката за висината на членарината за членување во Лекарската комора на Македонија
Појаснување за пристап кон "порталот за лекари"
- ДОКТОРИ КОИ ПОСЕДУВААТ ЛИЦЕНЦА ЗА РАБОТА -
Сите доктори кои поседуваат Лиценца за работа, односно веќе се впишани во Регистарот на доктори, НЕ ТРЕБА ДА СЕ РЕГИСТРИРААТ кога пристапуваат во Порталот за лекари (portal.lkm.org.mk), туку да се ЛОГИРААТ, при што за:
- КОРИСНИЧКО ИМЕ ја внесувате Вашата меил адреса. Доколку сте заборавиле со која меил адреса сте веќе регистрирани во системот или истата повеќе не е функционална, Ве молиме во текот на работното време да се јавите на 02 3124066, локал 105, за да се направи корекција.
- ЛОЗИНКА ги внесувате последните 6 (шест) цифри од Вашиот матичен број.
Потоа кликате на "Логирај се" со што пристапувате кон Вашето досие и дококу има потреба може да побарате ажурирање на Вашите податоци.
- ДОКТОРИ КОИ ПОЛОЖИЛЕ СТРУЧЕН ИСПИТ, НО НЕ СЕ ЗАПИШАНИ ВО РЕГИСТАРОТ НА ДОКТОРИ НА РСМ
Сите доктори кои положиле стручен испит, но не се запишани во Регистарот на доктори, односно немаат изготвена Лиценца за работа, потребно е:
- Да СЕ РЕГИСТРИРААТ на Порталот за лекари.
- Да пополнат Пријава за упис која треба да ја достават во архивата на Лекарската Комора. Пријавата може да ја преземете и испечатите од следиот линк http://www.lkm.org.mk/mk/zapis.asp?ID=285
Седници на Извршен одбор
Акредитирани испитувачи во комисии за полагање стручен испит
Акредитирани здравствени установи за стручен испит
Меѓународни конгреси, симпозиуми, работилници...
Спортски секции
Поволности за лекари
Нудиме – бараме
|
|