пребарување
   
 

Информација за промена на износот на членарина

Собранието на Лекарската комора на Македонија на својата седница одржана на ден 05.07.2012 година усвои ОДЛУКА за измена и дополнување на Одлуката за висината на членарината за членување во Лекарската комора на Македонија. Оваа Одлука стапи на сила на ден 05.04.2019 година, со објавувањето на ПРАВИЛНИКОТ за висината на трошоците за издавање, продолжување и обновување на лиценцата за работа

повеќе

Активности

Лекарската комора на Македонија одбележа 27 години од основањето
“Како самостојна и професионална организација на докторите по медицина во Лекарската комора се обединети околу 9.000 доктори од различни специјалности. Во изминатиов период Комората настојуваѓе и настојува да се наметна како партнер во општеството и во креирањето на здравствените политики. Некогаш со повеќе, некогаш со помалку успех. Со многу енергија, залагања и знаење неспорно е дека Комората многу направи.” Повеќе

Благодарници за докторите за пожртвуваноста и посветеноста во згрижувањето на повредените во автобуската несреќа на 13 Февруари 2019 година Доделени благодарница на ЈЗУ Здравствен дом - Скопје, Итна медицинска помош, Хируршките клиники во Скопје и ЈЗУ Градска општа болница „8-ми Септември“ Скопје
Лекарката комора на Македонија додели благодарници на устaновите и докторите кои беа вклучени во згрижувањето и лекувањето на настраданите во автобуската несреќа на 13 Февруари 2019 година кај селото Ларскарци, Скопско. За покажаната посветеност во згрижувањето на повредените од сообраќајната несреќа Комората искажува јавна благодарност на сите доктори кои беа вклучени во оваа акција Повеќе

Лекарската комора ќе биде домаќин на регионалниот Форум: Закон за заштита на правата пациентите - што се случи?
Лекарската комора наредната година ќе биде домаќин на Форумот на коморите од регионот на тема: Закони за заштита на правата пациентите – што се случи? Ова е договорено на Вториот годишен форум на Лекарската комора на Србија кој се одржа на 22 и 23 февруари годинава во Белград, Р. Србија Повеќе

Собрание на ЛКМ Усвоен извештајот за работата 2017-2018 година и дефинирани приоритетите за наредниот период
Лекарската комора на 15 февруари 2019 година во Скопје ја одржа IV седница на Собранието, со кворум од 48 делегати, на која беше усвоен Извештајот за работата на органите и телата на Комората за периодот јуни 2017 - декември 2018 година Повеќе

сите активности

Соопштенија

Информација за фотографирање за потребата за изработка на нова членска карта
Лекарската комора на Македонија започна со активноста за замена на членски карти на докторите на медицина со нови безконтактни картици Повеќе

Нови анекс на договори за примарна и специјалистичко - консултативна заштита
Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија понуди анекс на договори со важност до крајот на 2019 година со кои ќе се регулира плаќањето на здравствените услуги Повеќе

Во “МојТермин” се воведуваат два нови упати - „Итен 24“ и „Упат без термин“
Најзначајната новина која се воведува се два нови упати, од кои првиот тип е „Итен 24“, кој ќе се издава доколку лекарот кој врши преглед утврди дека пациентот заради неговата состојба (животозагрозувачка/итна состојба) е неопходно да биде прегледан од специјалист, односно супспецијалист или да му биде извршена одредена дијагностичка процедура во рок од 24 часа. Повеќе

Продолжен рокот за поднесување на барање за продолжување на договори и потпишување на анексите на договорите/ договорите за 2019 година со здравствените установи
Барањата за продолжување на договорите за општа медицина, гинекологија, општа стоматологија, аптеки, приватни специјалисти, приватни специјалисти стоматолози и лаборатории, да се поднесуваат електронски преку веб порталот на Фондот верификувани со квалификуван дигитален сертификаи или со валидна ЕЗК на управиделот на здравствената установа. Повеќе

Барања за нови договори/анекс договори за 2019 година од 10 до 15 декември
Фондот за здравствено осигурување на Македонија информира дека се финализирани подготовките на софтерското решение за склучување на новите договори/анекс со здравствените установи/ортопедски куќи, односно правни лица за 2019 година и дека тоа ќе се одвива по електронски пат преку користење на Веб порталот на Фондот, преку кој овластените лица ќе можат да го потпишат договорот/анекс на договорот со валиден квалификуван дигитален сертификат Повеќе

Понуди на “КИБС” и на “МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ”
Лекарската комора во име на своите членови-докторите на медицина, побара понуди од двата овластени издавачи на сертификати-токени потребни за користење на електронски услуги на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, со цел да обезбеди одредена поволност во набавката Повеќе

ФЗОМ најавува прием на квалификувани дигитални сертификати (токени)
Фондот за здравствено осигурување на Македонија ги известува сите заинтересирани корисници на електронските услуги на Фондот дека согласно Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за начинот на користење, пристап, издавање, чување и заштита на податоците од информацискиот систем на ФЗОМ достапни на Веб порталот ( -„Службен весник на РМ" бр. 184/2017 година), како и Правилникот за изменување на Правилникот за содржината и начинот на остварувањето на правата и обврските од задолжителното здравствено осигурување ( „Службен весник на РМ" бр. 146/2018 година), “во наредниот период можат по сопствено видување да направат набавка на квалификуван дигитален сертификат од еден од двата овластени издавачи на сертификати - Македонски Телеком или КИБС”. Повеќе

сите соопштенија
акредитирани стручни активности

Акредитирани испитувачи во комисии за полагање стручен испит
Акредитирани здравствени установи за стручен испит
Vox Medici
 
Меѓународни конгреси, симпозиуми, работилници...
Спортски секции
Поволности за лекари
Нудиме – бараме
 
Лекарска комора на Македонија
“Партизански одреди” број 3, 1000 Скопје, Македонија
работно време:
понеделник - петок од 08 до 16 ч.
тел. 02/3239060
тел. 02/3225592
жиро сметка: 200000011464034
факс. 02/3124066
developed by Медиум 3